голем (прид.) - среќа (имн.)

Тоа ти е, како да ти речам... Го гледаш небото полно со ѕвезди и си одбираш една, ја гледаш, ја гледаш и си мислиш дека е само твоја и си мислиш дека ќе ти донесе голема среќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, откако се поздрави со присутните на оваа неочекувана мала свеченост и ја искажа својата голема среќа што се наоѓа најпосле на ова место, потем со бегол поглед ја опфати целата книжарница, ги погледна книгите во високите сталажи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сигурно еден од ретките со така фасцинантно прецизен драмски израз и голем набој.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имав голема среќа што можев од него да учам „занатски цаки”. Ако, тоа воопшто постои.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
15 Немаше многу што да се прави во мојот град. Голема среќа што беше дојдена една од другарките, која инаку студираше во Соседството.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На одење за Хаваи имавме голема среќа, останаа неколку седишта на компанијата Норд Вест и тоа само во бизнис класата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ги рашири рацете, огромни цврсти, како да се подготвуваше да ги прегрне сите пред себе, па со замрежени, разнежени очи, кои не прилегаа сосем на неговата машкост и коравост, рече: - Е, сме имале среќа, голема среќа, сите вака собрани, место да плачеме и да темнееме, да се провеселиме, да се порадуваме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Остана еден крупен човек, темен, со густи мустаќи, седнат на трактор, Некој до мене рече дека било голема среќа што се нашол трактор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако навистина во вашите книги ги раскажувате вашиот живот на детството и младоста, бездруго тоа треба да претставува и голема среќа што сега ја претставувате вашата земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ама си се заплеткал, за Твоја голема среќа, на најдобар можен начин!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твојата балканска сага се збогати за едно важно и неочекувано искуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нели е лајно? - Сигурно. Огромно лајно. Со стап да не го прескокнеш - се согласив со неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да е некоја голема среќа мајката сама да се снаоѓа со мало дете.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден од јакобинските владетели ќе истакне дека револуцијата во текот на три века ќе му донесе голема среќа на човечкиот род, но ова ќе се постигне по цена на егзекуцијата и на последниот непријател на Републиката. Последната меѓу безброј жртви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа некоја луда, голема среќа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Си ја зацртав триесеттата година од животот како апсолутен краен рок за објавување на мојата прва книга. 48 Margina #21 [1995] | okno.mk Но знаев дека ќе ми е потребна голема среќа и секојдневна тешка и забрзана работа, ако останам на тоа да кажам нешто.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бев сигурен дека би можел да пишувам, но не бев сигурен кога ќе имам нешто што ќе го почувствувам како доволно оправдано да се пишува за него.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На пример голема среќа беше за нас што прекинавме со Сталин, пред да се реализира идејата за основање атеистички музеи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но и со портретите на кралот и на кралицата уметников немал голема среќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дојденците Срби во Македонија, кои се колнеа во својот крал славејќи ја долговечноста и неограниченоста на неговата моќ, ги имаше многу малку.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И за голема среќа сите дрвца се фатија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)