Женските песни му даваат на стихотворецот простор за поличен израз“.367 Со други зборови, има тесно совпаѓање меѓу родот и жанрот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа одразува една поширока културна логика со која родовите практики ја поврзуваат женственоста со посебни облици на изразување и голем сплет културни вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова укажува дека женствената идентификација на геј-мажите е повеќе отколку определениот резултат на одигрувањето на хетеронормативната улога што ги координира родот и изборот на сексуалниот објект.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Женствената идентификација“ е поим со кој јазикот на психологијата се служи за да го опише она што обично е конкретен општествен процес на позиционирање на себеси во рамките на склоп од културни кодови што дефинираат множество од емоционални и афективни улоги, ставови и практики од личниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)