голем (прид.) - сон (имн.)

Му се стори блиску остварувањето на големиот сон: да влезе во трагата на клучните документи за исчезнатото отоманско време, докуманти до кои не можеше да се дојде во цариградските архиви.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Остануваа во него остатоци од стариот голем сон дека излезот постои во останувањето во Цариград, но тоа остана потиснат сон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со насобраните сили од големиот сон и изедениот дел од питата тикуш, која никогаш не била повкусна, со исушените солзи на моите деца на образите, излегов од дома.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе започнеше голем сон во една татковина, ќе го продолжеше во друга, ќе го завршеше во трета.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега кога веќе беа положени околу челото и лицето на Таша многу нешта се чинеа поинакви.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога влегов во собата наеднаш открив дека до овој момент не го бев забележал најголемиот недостаток што си го бевме дозволиле: покрај главата и големиот сон на упокоената отсуствувале цвеќиња.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Живеам во големиот сон на една мечка Затворен во скришна просторија на Дното од пештерата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А противсоништата како што се знае Не се соништа ја биле со петокраки ја со крстови Сигурно затоа новите асолни сонувачи Јас сакам да ги честам со сок од еукалиптус Во кафулето Ленин на пристаништето во Сиднеј А вие сетики си спомнувате Дека Ленин беше тој што велеше Индустријализација плус Електрификација плус Организација Рамно на голем сон од петокраки И не туку така се вели дека баш Ленин Прв на јаве почнал да дава бесплатни часови По продолжено мижење А секој што барем малку е при себе Знае дека се што е бесплатно Отпосле се плаќа најмалку десетпати над цената.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Минаа оттогаш многу години, стариот исчезна во еден голем сон, со дулбијата в раце, крај Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И сега беше дојден Игор Лозински кај татковите книги на посебна исповед што можеше да го стори пред пријател на животот и својот верен ученик, потомокот на големите соништа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој беше вистински среќен што најпосле сретна човек на Балканот, на кој можеше да му ги довери од дно душа дури и своите големи соништа за заминувањето по патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нешто што најмногу личеше на голем сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ние, децата, бевме среќни и горди што го оживеавме големиот сон на Мајка. Сонот на заборавената италијанска пролет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)