„Ти си единствената жена на која ѝ го имам кажано она што таа очекува да го чуе од мажот што го сака,“ ѝ реков.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Пред тебе не е Ема полицајката. Пред тебе е само гласот на жената што ја измами,“ ми зборуваше тивко но отсечно, со зборови кои ме удираа в чело и јас крвавев седнат на подот во аголот на големата соба.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Преситни за големата соба со еден кревет и еден стол.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Што мајстори испречекав и наранив додека да се прередат керамидите, додека да се исчистат ѕидовите од големата соба и наново да се малтерисаат, додека да се подреди со штици чардакот, да се направат нови пармаци, да се заменат искршените стакла на прозорците.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Катовите се поделени на две групни соби; односно, секоја голема соба е придружена, во еден заеднички простор, со две мали.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Според авторот на каталогот за Coleshill House, Мајкл Викам, Прат имал намера оваа комбинација да биде флексибилна: големата соба би можела да се користи како дивна, а додатните собички (или сепареа), како спална или катче за повлекување.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Некаде во средината е поставена дрвена маса, сиво-зелена, покриена со мушама во иста боја.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се чини дека масата, столовите, мушамата се дел од изложба, постојано чисти и подготвени.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во големата соба во Мичурин со часови ми читаше прикаски за деца.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ама нешто се случи со касетата или диктафонот, па раскажувањето на Еца остана таму во големата соба на нејзиниот стан на улицата Ваци Ут во Будимпешта. Така требало да биде!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дедо ми Борис Кривошеев по кого таа тргна на другиот крај од светот го сакав повеќе, а ниту до денес не знам зошто?!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И уште ова: при секој нов чекор кон мајка ми забележувам како се намалува гласноста на употребените зборови.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив: намерно не погледнува кон отворената врата на големата соба.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од антрето веднаш се отвораше голема соба, веројатно првично проектирана за салон, а сега приспособена за заедничко ателје на младата ликовна двојка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но, кога влегоа во големата соба со многу столчиња и масички, и кога сите деца седнаа на своето столче, се виде дека за Зоки нема празно место.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Вечерта Зоки побара да спие во големата соба, заедно со шарената елка.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)