голем (прид.) - сиромаштија (имн.)

Рече и повтори дека е родена пред осумдесет години, дека животот го проживеала во голема сиромаштија, освен овие десетина години откако се доселија тука и отворија фарма за гоење телиња и најголемиот дел од нивите ним секоја година по пат на наддавање им ги отстапува државата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Голема сиромаштија имаше во тоа Браилово каде нѐ фатија вошки и голема нечистотија се направи од тоа што беа многу деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се омажила мајка ми за татко ми сите живееле во една заедница и во голема сиромаштија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Луѓето поради тиранијата и големата сиромаштија под која живееја, беа принудени за сè да се договараат и никој од зборот да не скршне зашто од комитите за такви работи и куршум се кркаше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
До пред влезот во Европа, ние бевме со прстот в уста. Голема сиромаштија. Сега примаме и гости, значи туристи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)