Ја поземаат неколку басамаци и ја внесуваат во една голема празнина, каде, сосема на средината, веќе седи големиот син на Богородица и вали оган.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Прв по талпата протрча големиот син на Вангел Русјаков и додека не се покажа повторно на работ од плочата со своето кажување дека Геле со мандолината и неговата снаа за брат што ја викаат Богородица и нејзините два сина навистина шараат ама тоа го шаркаат не е бела шарка туку црвена оти ја влечат од керамитка или тула и оти го имаат нашарано газот на две одаи што ќе биле само нивни, инаку, кажуваше синот на Вангел Русјаков дека горе има место колку и тука долу, дека има и дупки за пенџериња и дека е сѐ исто, како јајце на јајце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Одвреме-време проговорува, го предупредува големиот син да ја тргне чорапата од близината на огнот оти почнува да смрди на скрумовина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Зарем не гледате, не чувствувате дека писмото е инспирирано од борбениот дух на народот и од раководната улога на партијата на чело со големиот син на грцкиот и на славомакедонскиот народ, другарот Захаријадис?! Така.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)