голем (прид.) - сигурност (имн.)

Оти не знаат дека кај Танаско и Пена се оди од левата страна по самиот стрм брег што не пружа голема сигурност, тие влегуваат во разејнатата уста и долго не можат да се снајдат во темницата, тропајќи на случајно надрабаните врати или на оние што ги откриваше некоја слаба светлинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се окарав уште кога го забележав слегувањето на Катерина по белите мермерни скали што веројатно водеа во некој друг свет, или во времето кое неколку месеци подоцна Загорка Пеперутката со голема сигурност го нарече друго време или така некако.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја ставаше напред како во извидница, како во одбрана, но не со некоја голема сигурност, туку со една резерва, готов, ако треба, да ја повлече назад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште од основно па до ден денешен, а со голема сигурност и до некој сосем далечен иден ден, Врапче е и ќе биде подвижен скопски џивџан.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)