Во огништето ископано во ѕидот на земјанката згасна пламенчето и земјанката заедно со големите сенки расфрлени на ѕидовите, потона во мракот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На таванот најпрвин се изгуби спроврениот сончев конец, се повлече расплинато, потоа се посла голема сенка, легна врз ковчегот и врз нас и не стори безначајни и немоќни пред наквечерината.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Црна, голема сенка го затвараше влезот на колибата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ѕидот е покриен со голема сенка чие движење вешто го прави точно во исто време и татко ми.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
По влажните ѕидишта на визбата третереа две големи сенки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекале некој нешто да објасни. Како да се надевале дека со него ќе е мртва и големата сенка што ги следела ноќе, се надвиснувала над нив, им ја пиела срцевината. Се чувствувале некако свечени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Август се трга од кафезот и го брише десното око. Зад решетките трепери голема сенка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Им викнав, иако не бев сигурен дека ќе ме чујат: - Збогум, Ќе ви пишам...
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Дедо, - реков, - ќе се врати ли канарецот Сократ?
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Кон нас бавно лазеше голема сенка на слон. Се исплашив, не избегав.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Ја исплашивме со голема сенка на слон.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
На Цветана Горски му беше доста од прочитливата фарса што ја подготвуваше и играше до крај Јагулче Дримски во големата сенка на Партијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќе дојди време кога да болсни едно големо сонце Зашто сега над него таи една голема сенка И не се гледа црквата.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)