Тие во црно догоруваа последни како големи свеќи на семејството, на животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Длабоко воздивна и со божја промисла запали голема свеќа за живите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Боге од Бањи го носи сандакот - јавуваше Даскалов. -Сега можеш да ја запалиш големата свеќа. Погледнав повнимателно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Човекот кој одеше пред колата очигледно беше Боге од Бањи, но човекот што седеше на штицата и управуваше со коњот не го познавав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)