голем (прид.) - свет (имн.)

Таа, со оваа прошетка, видела колку е голем светот и колку многу различни народи живеат во него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пресметките меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да не беше патувањето во Солун, во далечната 1917 година, Мајка никогаш не ќе дознаеше колку е голем светот, колку народи живеат во него и колку јазици се зборуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сега прави кариера на еден четврт континент.  Во еден дел од овој голем свет во кој, инаку, и по холокаусот не претстануваат насилствата: стари, сега и нови Берлински ѕидови подигнати на Кипар и во Израел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Којзнае колку пати опомена: - Нова Годино, кралице на благогласините, не гледаш ли дека доаѓаме до големиот свет и оти во нас се насочени милиони љупопитни погледи!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)