голем (прид.) - ризик (имн.)

Татко, во последниот круг, играјќи на погрешна карта, ја загуби партијата која му беше речиси добиена да не влезеше во толку голем ризик.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Фектори изгледаше како програма за деца, едноставно тука си тука и сите твои јунаци се појавуваат да ти кажат добар ден.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ме погледна со насмевка, отиде до лифтот и исчезна. 168 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Не стигнав ни да се исплашам, ми се чинеше дека тоа е некој филм кој, ете, случајно го гледам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секако, вака отворена куќа носеше со себе и голем ризик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа е решено да има минимум ризик, со тоа што се прави една копија на филмот, се става на еден стик и тој оди од рака на рака и така нема голем ризик од масовни апсења.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Малку камуфлиран, Мечев тргнал преку Скопје за Солун, меѓутоа, патувањето преку Солун и родниот град Велес, по линија по која патувале доста луѓе што го познавале, носел со себе голем ризик да биде откриен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А во целиот тригодишен период на подготвувањето на Солунските атентати на Пингов му се давале такви работи што секој момент го изложувале на голем ризик.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Од каде го знаеш зборот ризик? – се изненади тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вреди ли за еден велосипед толку многу голем ризик?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Објасни ми каде се случи настанот и јас ќе најдам, биди сигурна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак е тоа голем ризик за тебе, да доаѓаш со нас големите, и тоа сите машки, а само ти девојче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И затоа можеби и го презедов големиот ризик да стигнам во амбасадата во придружба на воениот транспортер кој беше во составот на оружените сили задолжени да го спроведат државниот удар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Реално гледано, далеку од секакви дипломатски химери, беше јасно дека се изложував на голем ризик, на опасност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На мајка ми ѝ се нажалило, направила голем ризик, ја симнала тепсијата од глава и стомната со вода и клекнала до неа да ѝ го извади трнот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше сигурно дека се влегуваше во голем ризик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)