голем (прид.) - разочарување (имн.)

Вечер помината во лижење на не-халуциногена амфибија може да предизвика нечист јазик и големо разочарување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А беше бессилен да го отстрани големото разочарување што го чекаше Велета, понесен од силни внатрешки пориви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако продолжиме да правиме copy и paste на излитените, луцидни романтичарски фрази, секоја врска ќе заврши со големо разочарување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најголема несреќа е што неможам да ги контролирам емоциите, целата енергија е во моите чувства кои функционираат незауздано, телово и душава сеуште те посакуваат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите сме уморни од зарѓаните, мувлосани лаги без сјај, ни треба нешто свежо, вистинско и реално, исто како нашите очекувања, реални и не многу големи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го идеализирав секој момент поминат со тебе, живеев со желбата да споделувам се, сега се е едно големо разочарување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Овој успех на управата предизвикал големо разочарување кај Орце.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уште одма пристигнува првото големо разочарување.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Му раскажав за повеќе случувања во кои јас лично се обидував да изигрувам херој или трагач по вистини, и дека, за мое големо разочарување, животот ги користеше таквите мои недоволно обмислени потфати само за да ме исмее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А напати и ме казнуваше”, додадов. „Грдо ме казнуваше”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да го спомнам и она предупредување што му го реков пред да заминам: „Знаеш, му реков, животот не постапува секогаш на ист начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, од сите овие мои објаснувања мислам дека можеш да заклучиш дека ниту со совет а уште помалку со упатство сум ги поттикнувал кај него намерите што можеле да го турнат во некоја неразумна потрага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едвај чекав тетка ми да ми го покаже тоалетот - но на мое големо разочарување, имаше само еден тоалет кој им беше на располагање на сите членови од семејството.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не, всушност, дојдов тука на конференција за екологија, - тактично ја поправив тетка Марија, знаејќи дека оваа грешка почнала одамна, уште кога мајка ми разговараше со тетка ми Олга по телефон и дека сега тешко ќе има изгледи да се поправи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Марта не ни даде да се раскрилите со пролетта... оф, леле... како наводенети врапчиња се прибравме во училишниот хол... што друго освен големо разочарување!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)