Исто така, во Кина по Втората светска војна и по доаѓањето на Мао Це Тунг на власт, се вршеа обиди со замена на гломазниот систем на кинеското писмо со поедноставно кирилично писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но овде, за разлика од Монголија, обидите не беа успешни од повеќе причини: големи разлики во дијалектите на кинескиот јазик, историска традиција, поглед на свет и низа други фактори.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Никогаш за толку кратко време големите разлики на овие луѓе не биле толку брзо збришани, претворени во заедничко верување.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И музичарите работеа на тоа. Постои голема разлика меѓу Бах и Дебиси. Тие предизвикаа некои револуции. Ги протресоа боите, звуците.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ова ни сугерира дека на оваа конференција може да се соберат луѓе кои спроведувањето на терапијата го гледаат како разговорна активност; интерактивна, конструктивна активност: терапијата опишана како разговор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Постои голема разлика помеѓу „терапијата е разговор“ и „терапијата како разговор“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Има голема разлика меѓу живот во геј-гетото на некое градиште жариште, како Сиднеј, и растење во гратче во Северен Мичиген додека да заминете на студии во Ен Арбор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во последново има голема разлика од источното наречје, но, покрај неговата оригиналност, се признава во него српско влијание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
71. Ако се споредат тие со помоштите за Бурите /Трансвалците/, тогаш ќе се добие голема разлика, зашто за борбата на Бурите се интересираа многу повеќе од нашата борба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако се даде пример од современата француска философија има голема разлика помеѓу Дерида, последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си, и Иригаре, која се препознава себеси како самохрано сираче несакано од татка си.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тој не беше сигурен дали Ружди знае дека дедо му е само учител, но и да знаеше, сигурно тоа не беше некоја голема разлика за него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И веќе и сега во становите во Киев гори светлина, од чешмите тече вода, се вршат поправки, улиците се чисти, а по тие улици се вози истиот комунален трамвај. 188 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Население: наравите и обичаите Колку е голема разликата меѓу киевјаните и московјаните!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Уште во осмолетка се вљуби во првиот комшија. Во истата зграда, на истиот кат, во различни влезови, ама балконите им беа еден покрај друг и ги делеа само два реда саксии со сардели... и голема разлика во години.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Тоа не прави некоја голема разлика, балот на гардата е најбитен настан во земјата и во нашиот град.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ја погледна и дури и самиот се изнасмеа: толку беше голема разликата!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Жртвувањето на косата на мажот е древен знак за свештеничка позиција, почнувајќи од потполно истрижените глави на египетските хиерофанти до тонзурата на католичките свештеници и будистички калуѓери.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Наспроти големите разлики во верските убедувања, потстрижувањето на косата секогаш е поврзано со сексуалната апстиненција и со целибатот, т.е. со симболичната самокастрација.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Идентификацијата беше толку силна што Дишан можеби не гледал голема разлика помеѓу сопствената „игрива физика” или „хипофизика” и Жариевата „патафизика”, и двете алтернативни хипотези за устројството на универзумот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И покрај големите разлики на балканските народи во нивниот етнички и национален идентитет, беше свесен дека тие поседуваа повеќе обединувачки, отколку разединувачки елементи, како во ретко кој друг поголем европски предел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа е големата разлика меѓу Бодријар и мене: не верувам во симулационизмот, мислам дека и самиот збор е веќе застарен.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Јемиш, зарзават, мешпајз... У оваа земја постојат чудни навики и големи разлики во начинот на кој се пазари, што се пазари и колку се пазари.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Малите работи, можат да направат големи разлики и длабоко задоволувачки промени во животот на луѓето но и во светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Секое однесување е поттикнато од чувствата, емоциите, внатрешните сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се гледаше колку е голема разликата помеѓу старите и новите седишта: старите беа испукани, сивокафеави, со изедени рабови и со ’рѓосани шрафови, додека шрафовите на новите даски светеа, седиштата како да беа приспособени за седење, имаше дупки на местата каде што треба да висат нозете за кога ќе ти направи некој "плескавица" даската да не ти се забоде во бутовите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Почувствував и некој чуден, многу силен мирис, и тогаш забележав дека мостот веќе не е бледожолт како што беше порано, туку е премачкан со жар-црвена боја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
За големите разлики меѓу западната и источните цивилизации?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)