Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но Миле не се задоволи со тоа:
- Слушај - рече - напролет ќе стануваат кај нас големи работи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Еј, нека го поткладе секој грбот колку
мене, голема работа ќе стане.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Марко на предното седиште, до возачот - а тоа ќе сум јас.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Другите, молам, на задното седиште!“ нѐ покануваше широко размавтан со рацете.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ми стана криво дека толку се прави важен, но ништо не реков, зашто и му се може: автото е голема работа. Не може секој да го има.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И не само за такви големи работи Толе судеше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Обесправената направи давија на бацка Толета и овој ја извиде работата на сретсело пред сите селани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
ПОП ЈАНЧЕ: Вистина ќе биде срамота, ама ќе свршиме голема работа.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
РИСТАЌИ: Вака-така ја одвлековме од рацете на тоа куче да не ја земе. Свршивме голема работа.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А сега збогум, нѐ чека голема работа, уште ќе поразговаравме за твојата иднина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Признавам тој час и моето срце не беше многу мирно, ме опфати силна возбуда, никако не можев да го совладам, бев присилен да викнам: - Да живее! -и некои други големи работи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нема плеткање со жени, а тоа е голема работа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но сепак признај, да држиш библија во свои раце, па макар и да не ги разбираш зборовите во неа, е голема работа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Пред да преминеме на Уцена, вашиот прв звучен филм, би сакал уште малку да зборуваме за времето на немиот филм, кој беше многу голема работа, зар не?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
АРСО: Тоа така се вели зборот само, инаку чорбаџиите ги јадат пилињата и прасињата, а сиромасите — опинците.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А чорбаџиите, големите, нека јадат големи работи, крмаци, волови, биволи.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Најчесто зошто не сакаа да признаат колку се несреќни, полесно им е да глумат лажна скромност, зошто и така не беа за големите работи во животот- кукавици, плашливци.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Единственото спокојство е надежта, дека можеби ќе те најдам и можеби ништо повеќе нема да ми изгледа толку мизерно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Циркус, голема работа“ - си мислеше И. Но, главната атракција го натера да се предомисли.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Е, што се случи? Те гребна мачката, голема работа, - одвраќаше тој на моите жалби.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Беше уште погрозно од пилешкото крилце, но тој ден веќе како да бев отапена.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
СТЕВО: Два процента во животот се голема работа.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А јас се плашам... Стравот е голема работа... Голема, велам...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ех, бре дете- му рече на Едо,- ти сега со овие „кртули“ ми сврши голема работа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)