голем (прид.) - пространство (имн.)

Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Сте се договориле со човекот, како што се зборува, да се спојат парцелите земја во едно големо пространство и, тоа пространство, заедно со некои куќи, особено постарите и напуштените, да се продадат на луѓе од Канада.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Монотонијата на секојдневието, забавениот ритам на долгите патувања низ големото пространство на најмалиот континент изненадувачки брзо му ги избришаа од животот спомените за оние што еднаш му беа блиски.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ниту оној што постои надвор, големите пространства, нивите и ливадите, сите планини и целата вселена, значат нешто. Бесполезни се сега за мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А и градов не е негде прикрај на империјата, тој си е токму во центарот и чуван си е сам од себе, од големите пространства и далечините што го делат од опасните боишта и несигурните, секогаш променливи погранични земји.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)