Музика за клавир 1-84 (1952-56) е голем проект на испитување на несовршеноста на нотната хартија и добиениот нотен запис.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Како што е веќе кажано, делото се состои од 14 делници од кои клавирската е со гигантски размери, и кои се комбинираат на сите нивоа на случајноста - од онаа запишана во партитурата, до спонтаното реагирање на секој изведувач на темпото, траењето и изборот на делот од делницата кој ќе го изведува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа сугерира точен, прецизен, одлучен и ладен стил на изведба”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој продолжи самоуверено: - Вие добро знаете дека индивидуалната работа врз големите проекти има свои граници.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Дури ни откако го напуштија големиот проект, на обајцата духовите не им се смируваа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Постои можност за еден голем проект, кој најверојатно би донел нешто пари - да се направат или посебно да се излијат и да се закачат на мал ланец четирите букви ДАДА.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се чинеше дека големиот проект само навидум им ја зголемуваше суетата со која си го осмислуваа животот до неговиот крај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но на повеќето од новите жители во геј-гетата заедничко им беше искуството на учество во еден нов, радосен и невиден општествен експеримент: создавањето заедница околу хомосексуалната желба, геј-сексот и геј-идентитетот.443
Тој општествен експеримент излезе кратковечен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Имаше голема многуобразност на светогледи и начини на живеење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто во истиот тој период, рекапитализацијата на американските градови, заедно со нејзината нужна поткрепа преку урбанистичко планирање и реновирање, веќе почнуваше да го менува урбаниот крајолик на САД.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Огромниот прилив на капитал ги движеше големите проекти за урбанистичко преуредување, постепено отстранувајќи ги евтините, периферни урбани зони на меѓите од некогашните индустриски или мешовити делови каде што дотогаш цутеа геј-претпријатијата, геј-живеалиштата и секс-клубовите и заменувајќи ги со автопатишта, со висококатници, спортски комплекси, конференциски центри и магацински супермаркети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
До 1960-тите години веќе бил во тек, иако неговото спроведување го одложи деценијата на политички конфликт во 1970-тите години.
Епидемијата на сида ја помогна конечната победа на урбанистичкиот развој кога ги отстрани или им го намали бројот на политичките играчи – биле тие поединци или заедници – кои беа против плановите на инвеститорите зонски да изменат, да реконфигурираат, да урнат и да преизградат цели маала.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не мина многу време од големиот проект, ниту глас од судбината на Декостеровите кози во Македонија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа му влеваше храброст посмело и поистрајно во рамките на големиот проект да ги проучува главните миграторни движења на луѓето на Медитеранот, имајќи ги пред себе оние на птиците и рибите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сите беа внесени во големиот проект на нивниот учител да ја состават единствената колекција на езерските реликвии, на живите фосили, која како да беше осудена еден ден да исчезне од Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)