голем (прид.) - пријателство (имн.)

Се упати кон некогашното битолското воено училиште, каде што, некогаш, Ататурк и Фетхи-беј Окијар го започнаа своето големо пријателство... XXI Откривањето на битолските сиџили, Татко го враќаше во времето на бујната младост во Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Уште при првата средба, градот каде што се зачна големото пријателство помеѓу Ататурк и Фетхи-беј Окијар, пресудно за судбината на нова Турција, некако му прирасна за срце.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во својот извештај до Каиро ќе истакне дека “меѓу Албанците, Југословените и Грците постоеше големо пријателство, но недоволна доверба“ и дека е “очигледна детерминираноста да востановат по војната независни режими, без покровителство од која било голема сила“.83 Исто така за време на овие разговори Темпо ќе побара од Маерс да побара од Каиро еден безжичен апарат за да може ГШ на НОВ и ПО на Македонија да воспостави контакт со ВШ на НОВ и ПО на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Книгите станаа траен мост на нивното големо пријателство од библиотеката на едниот до онаа на другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Домот на Аренсберг беше моето прво попатно пристаниште на овој континент; тоа беше почеток на големо пријателство.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пенчо, особено пред Ана, ги удираше сите врсници, предизвикуваше на борба и уживаше во големото пријателство со Баждара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Според него, крајот на книгата го означува и крајот на времето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во овие предели на изгубениот рај на детството, моето семејство најде спасоносен пристан во својата неизвесна балканска одисеја, по победата на подводниот змеј при минувањето на границата во Езерото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од овде започнуваа сите мои излези кон Европа и светот, следејќи ја хармоничната еволуција на големите пријателства во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веруваше дека добрата судбина му го дари ова големо пријателство на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)