голем (прид.) - пријател (имн.)

Бурдел бил голем пријател на југословенските студенти, кои биле негови ученици и се случувало често со нив да го дели сиромашниот залак леб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше тој, и никој друг, неговиот голем пријател букинист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Брус Стерлинг (Bruce Sterling), член на AAAS (Американско здружение за развој на науката), голем пријател и соработник на Вилијам Гибсон (William Gibson), големиот невроромантичар и духовен водач на движењето - и многу други, го дефинираа тој нов поим, што е во деведесеттите веќе култ: CYBERPUNK.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Всушност таа ми има речено дека сте дамнешни пријатели? – Го реков ова а притоа бев свесен дека овие зборови требаше да бидат еден вид благодарност поради неговото заземање околу нејзините очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Знам дека и бевте голем пријател на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Курто: Тоа ти е добра идеја. (Со рака му дава знак да продолжи) Џуџето: Но откако го запознав доктор Шварц, денес мој голем пријател, мочам како и сите нормални луѓе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мочав 20 пати дневно и мислев дека ќе завршам во лудница.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едгар Морен напиша и предговор за истиот Балкански клуч, кој подоцна издавачот lAube, го објави под наслов Брегот на егзилот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но најбитно во тие моменти беше однесувањето на мојата голема верна читателка и голем пријател на балканската сага, Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе ви пишував дека многу го сакам овој текст и дека често го читам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Му пишував на мојот голем пријател Едгар за вердиктот на Клод Диран, да не го печати мојот Балкански клуч, односно да го прекине потпишаниот договор.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Албанскиот полиграф Фаик Коница, големиот пријател на Гијом Аполинер, во еден брилијантен есеј, за Природните и вештачките јазици, пишуван под псевдоним, (книгата која ја пишував за нив на француски јазик ја спомнувате во писмото), поттикнат од Маларме, ќе рече дека во секој јазик постојат темни, непреводливи зони и токму во нив се крие идентитетот на еден народ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И ја разбира и не ја разбира својата голема пријателка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Голем пријател на Албер Ками, делејќи заедничка работна соба во еден период кај издавачот Галимар, ги споделува во неговата медитеранска поетика според која Медитеранот останува негова дефинитивна татковина, како суштински дел од татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минав првин крај резиденцијата на јапонската амбасада, оставајќи ја зад себе аргентинската во која живееше мојот голем пријател амбасадорот Марио Пико, со својата сопруга, Чилеанката Паола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се поздравувавме како стари големи пријатели.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој губеше еден од големите пријатели во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа ни беше голем пријател.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа беше нивно прво сретнување во куќата откако исчезна нивниот голем пријател.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ниту Татко, ниту Цветан Горски не можеа да замислат во мигот дека ги слушаат последните зборови во животот на нивниот голем пријател и учител, Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше среќен од помислата што тука бие срцето на пријателството, солидарноста со големиот пат на јагулите, заедно со отсутната душа на големиот пријател, Игор Лозински, спасителот на животот на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Освен тоа знаеше убаво да раскажува, а Билјана знаше убаво да слуша, па така тие станаа големи пријатели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)