голем (прид.) - преселба (имн.)

Но сосема е можно, според археолошките ископувања, Градиште да било некогашната римска населба Керамеја, која на Табула Пунтегеријана е впишана на патот од Стоби за Хераклеја, но која во голема преселба на народите исчезнала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Според тоа, гревот за уништувањето на Градиште, ако постоело, може да падне и на душите на одамнешните претци на денешниве жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дали во мигот во знак на поздрав се огласуваа метафизичките камбани на минатото, камбаните на невозможното враќање, потонати во морето при големата преселба на дел од мојот народ Арбрешите во јужна Италија, во времето кога Азија ја пристигнуваше Европа?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И решија тие, (ма не се работи за џуџиња) човечуљците да ја направат својата експедиција на големата преселба од другата страна на автопатот, токму во недела, кога нема толку многу движење, затоа што некој можеше да биде повреден или не дај боже да загине, а и така нивната популација беше пред изумирање.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
По големата преселба, и втората историска верска фрактура на Албанците (при првата верска фрактура беа разделени на католици и православни, христијанизирани уште во I век од новата ера), настапи втората фрактура (конверзијата во ислам на голем дел од албанското население по историскиот отпор на Скендербег во XV век).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира посакав уште веднаш ова мое откритие да му го соопштам на иследникот Роман Гигов Грофот, но тој, задоволен дека успеал да ме предизвика, изигруваше некоја чудна неприсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да се види, да се доживее одблизу таа митска матанѕа, тој невиден масакр врз џиновските туни па да се суди за расчекорот меѓу човековата незгасната деструктивна инстинктивна анималност и природата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да пристапи кон својата централна тема - периодите на балканската историја при падовите на империите, тој ги проучуваше големите преселби на индо-европските народи, па на Аварите, Хуните и многу други познати и непознати народи, кои запирале на топлите мориња, сочните долини, воспоставувајќи и уривајќи империи, предизвикувајќи воедно и цивилизациски мешања, надоврзувања и изблици кои ќе го обележат човештвото за сите времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му велиш: „Откако ја изнесе печката во тремот, некој топол ветар шета околу нашата куќа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)