Ваков вид на студии, кои не се ограничени со крути претстави за етапите, туку кои имаат за цел систематично да ги истражуваат промените во концептите на преведувањето, со голема почит кон системите на знаци што ја конституираат дадената култура, се од голема важност за студентите на Trans- lation Studies.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Додека минувавме низ разни објекти и разговаравме со многумина во Медонската опсерваторија, забележав дека д-р Паскал Сотировски беше насекаде примен како многу омилена личност, кох кого луѓето се однесуваа со голема почит, како кон колега рамен на многумина од нив.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но и покрај големата почит кон оваа земја има и една негова посебна причина што тој е вечерва меѓу нас.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Невена имаше голема почит кон свекорот Тодор, кој го сфакаше како татко па го викаше тате, голема почит кон Ленка, мамо ја нарекуваше.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со голема почит
Луан Старова
XIX
И кога очекував Елен Лејбовиц да продолжи со пишувањето за големите теми од Балканот и Европа, како што тоа беше во нејзиното претходно писмо, кога се задржа на темата на жртвувањето на козите на Балканот и на лудите крави во Европа, кое како синдром го следи човештвото уште од неговите мугри, таа го сврте вниманието на сосем неочекуваното испраќање 50 книги од расказите на Алфонс Доде, меѓу кои беше и новелата Козичката на господинот Сеген, со кој авторот постигна светска слава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со голема почит и совест се однесуваме кон сите историско - културни знаменитости - што се гордост не само за Крушево, туку за цела Македонија, и за сите Македонци во дијаспората.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Можеби некоја од оние поетеси кои со голема почит му ги испраќале, а можеби и уште му ги испраќаат своите тетратки со стихови, надевајќи се дека нема да ги одмине неговото внимание.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На мигови, во полифонискиот хор, се мешале многумина од присутните верувајќи дека, со тоа, на песната ќе ѝ дадат посебно значење, а и ќе ја искажат големата почит кон домаќинот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нешто се консултираше со другите војници, па потоа ми рече: „Госпоѓо, ние имаме голема почит кон вас и кон вашите деца, вие прекрасно, како да ви е мајчин, го зборувате нашиот јазик, вие сигурно имате италијански корени и сте наша, па мора да ви веруваме!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)