голем (прид.) - потрага (имн.)

Така, Иле Вегов - Брчалото се изгуби од Брезница токму во екот на изградбата на слетувалиштето за американски чопери на Тумбица и големата потрага по сопруг, татко и домаќин во домот на пазарџиските ороспии. ***
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа можеби и беше една од причините, во наследените таткови книги, чие значење го проширував во потрагата по историјата на постоењето во неговиот живот, го имав чувството дека не сум сам, дека сум силно со него, со неговото присуство, со длабокото размислување, со неговата жива присутност, неостварените илузии во големата потрага на патот на спасот на Балканот за своите чеда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислеше, ако и тоа ѝ се случи по големата потрага, тоа за неа ќе биде и конечниот крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пораката остана недовршена, како и неговиот живот, како и големата потрага по сиџилите, како и откривањето на нивните пораки...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)