Со Поп Дучев - кој е голем познавач на филмската уметност - зборевме за феноменот на симулираните (фиктивни) документарци, и за тоа како би требало да се направи нешто такво, кратко -15 до 20 минути, нешто што би можело да се направи со неколку дена теренско снимање и неколку термина монтажа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Со професорот Осман Окијар, кој беше и голем познавач на Ататурковото време и времето на неговиот татко Фетхи Окијар, на нивната заедничка мисија во создавањето на нова Турција, и кој објави неколку драгоцени книги за тоа време, имавме неколку средби во Анкара, во Тунис и во Париз.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На 13 декември 1989 година Арафат во првата официјална посета на Франција и средба со тогашниот претседател Франсоа Митеран, со залагање на тогашниот француски амбасадор во Тунис, Ерик Руло, близок пријател и голем познавач на палестинското прашање, ќе го потврди укинувањето на повелбата на Палестинската ослободителна организација, со која се потврдуваше оружената борба како единствен пат во ослободувањето на Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во мигот повторно се пренесов на еден од последните разговори што го имав со францускиот амбасадор во Тунис, Ерик Руло, еден од големите познавачи на палестинското прашање, поранешен новинар на Монд и Монд дипломатик, близок пријател на тогашниот француски претседател Франсоа Митеран, именуван од него лично на високиот дипломатски пост.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Секретарката ме послужи со кафе и замоли малку да се стрпам оти Сојузниот разговара на телефон со Вашингтон!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настаните се одвиваа со филмска брзина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Антоан Жерал, од Француската академија Признавам дека не сум голем познавач на раскажувачката уметност.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Еден цел жив свет на големото Езеро и околу него, го губеше својот голем познавач, пријател и спасител.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се смета за класик на француската литература и голем познавач на светската историја и цивилизација.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ја започнува својата кариера во Милано како новинар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)