голем (прид.) - подвиг (имн.)

Сите напори ги совладуваше со леснотија од едно чувство на исполнетост од големиот подвиг што го направија заедно со Танаско и неговата Пена - што ги вратија моштите на дедо Костадина во Македонија и што ѝ ја олеснаа смртта на старичката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Туку-речи и не остана весник кој не побрза да напише за тој голем подвиг на грчката држава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Атентатите биле дело на гемиџиите - мала група, составена главно од младинци што се надевале дека преку еден голем подвиг против европските претпријатија во Македонија ќе ги принудат големите европски сили да се погрижат за давањето автономија на Македонија, за што, по силата на Берлинскиот договор од 1878 година, биле морално задолжени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беше восхитена од нејзините големи подвизи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Голем подвиг! Големо дело! Каде да го бараме во историјата?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)