голем (прид.) - победа (имн.)

Веста за големата победа во Атина стигна по радиоврска, но неа цела ноќ ја вестеа истрели со светлетчки куршуми кои се пренесуваат од рид до рид, од град до град, сѐ до Атина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долго биеја камбаните во атинските цркви, а утредента сите грчки весници со големи наслови ја објавија веста за големата победа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но и на поразените владетели? се огласи Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во историјата на човештвото, големите победи на владетелите, кои често се претставуваат како резултат на генијални стратегиски планови, често биле резултат на чудните и случајни одлуки според нивните табиети!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Денес ја славиме големата победа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И, речиси сите големи победи на Сулејмана се должеа на неустрашивиот јаничарски ага Мехмеда Соколи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Без ниеден испукан куршум во градот влезе грчката војска и славеше голема победа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука, под сенката на врбата чекавме построени како под конец да дојди главната – Маријанти ја викаа – прво за да провери дали рамно сме построени, потоа да ни одржи говор за големите победи на ДАГ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Два или три дена големците зборуваа за големите победи и редум ги посетуваа бараките, а таму кој за колк се држи, кој за половина, кој на патерица се потпира, кој кашла та кашла, кој постела – рогозина не дава да се олади, кој учкур не врзува туку сал трча до кенефите...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)