голем (прид.) - плач (имн.)

По селата со лет на молскавица се пренесуваше страшната вест и гласен, неутешлив, очајнички и голем плач се слушна каков што никогаш порано не беше слушнат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Това рекл дјавол и не се видел а Агапиа сос голем плач се молил, сакал милост, и така дошел, и ум му се занел от труд и плач.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И додека влегувавме во вагоните се расчу голем плач.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Плач голем плач, силен плаш до небесата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И така, секој ден и сите други денови голем плач се дигаше во Прењес...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)