Тука беа повторно сеприсутниот Х.Х., неговите видливи и невидливи помошници, големиот пајак со неговите мали придружници.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сѐ остануваше измешано и таинствено во густата балканска пајажина. Големите пајаци вешто се сокриваа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)