голем (прид.) - откритие (имн.)

Го препозна гласот на директорот: - Почитуван колега, Ви честитам за големото откритие.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во сите поранешни документи, извештаи, пригодни прилози, кога стануваше збор за големото откритие на сиџилите, редовно се заобиколуваше Татковата заслуга, а ако тоа некогаш се споменеше, најчесто се употребуваше зборот пренесување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше сам, пред своето големо откритие за чии димензии, во мигот, беше свесен само тој.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Директорот не го најде, а сакаше да му јави за големото откритие.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мислев на влажната жичка, на песокта што ќе се јави, на навестувањето на изворчињата долу, на шепотот на војцата потоа, на големото откритие, на изгубеното и заборавеното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ајде, помогни ми да сфатам што размислуваше. Како си ја замислуваше акцијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и уследи онаа отровна забелешка: -Белки не мислиш дека можам да ти верувам оти пред продавницата си се нашол случајно и тоа токму во моментот кога девојката излегувала, и дека во тој момент ти се родила идејата да и пријдеш и да и го соопштиш големото откритие дека таа ти е сестра, или нешто сосема близу до тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност таквата помисла и не е толку страшна: Си посакал значи да и го соопштиш она што те копкало, што ти било врежано во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паметам, овој мој заклучок настана во мигот кога неочекувано, од изненаденост, (а изненаденоста му претходи на секое големо откритие) неконтролирано извикав: Господи, брат ми е навистина преполн амбар самодоверба!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оние двете таму без сомнение зборуваа нешто за него. Што ќе се случи сега? Можеби сѐ е веќе готово!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Клотилдина, сета возбудена, се стрча кај мајка си да ѝ го соопшти своето големо откритие. – Се вљубил во Маргерита! Во Маргерита Маши! Се вљубил!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Големите откритија почнуваат со едноставни идеи“.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)