голем (прид.) - опасност (имн.)

Му се чинеше дека од тоа произлегува голема опасност за неа, од која можеби не ќе знае да се зачува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто преголемата вдаденост во тоа крие една голема опасност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имено, Боно за „Ајриш индепендент“ изјавил дека е во голема опасност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Милан, впрочем, како и Ана, свесно и доброволно се из-ложувал на голема опасност, ставајќи се во услуга на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислеше дека не е изложен на голема опасност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега точно знам, ако тогаш во некои моменти не сум се внесувала сосема во неговото расположение, дека мислата на моето заминување ја доживуваше како голема опасност, та сега сакаше да се одбрани.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Трето, постои голема опасност од хонораризација на работниците, особено во трудово-интензивните гранки и во услужниот сектор, каде што со оваа мерка многу од работодавачите би биле поттикнати да склучуваат лица плаќаат придонеси е разликата помеѓу остварениот приход по овој основ и висината на просечната плата по работник утврдена за месец јануари во тековната година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се чувствувааше како беспомошна, незаштитена дивеч што претчувствува голема опасност...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да му се заканува некоја голема опасност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И знам, не ти беше лесно во душата. Се изложи на големи опасности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најверојатно можеме да очекуваме дека во иднина критиката на популарната култура ќе се обиде да ги надмине двете крајности и ќе ги спои политичката економија со анализата на текстот на публиката. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 108
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некои одат дури толку далеку што занесено говорат за некакво субверзивно, герилско делување на публиката, иако воедно признаваат дека на капитализмот од страна на популарната култура, што веќе заради комерцијалната насоченост избегнува секаква радикалност, не му се заканува некаква голема опасност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ЗАКЛУЧОК Во миговите кога општествените граници се мошне реални и кога различните расистички демагози се загрижени да не ги пречекорат разни неповикани раселени и економски затирани индивидуи, се чини популарната култура со своето имагинарно пречекорување на границите како некаква лажна компензација, утеха.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)