Чувствував големо олеснување.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Стравот од тоа беше толку реален и заплашувачки, што сега Рози почувствува големо олеснување, олабавување на стегнатоста во градите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но не требаше да се плаши од тоа, зашто, кога почна полека да се исправа, за нејзино големо олеснување, шепата благо го олабавуваше својот стисок, дозволувајќи ѝ да го исправи телото, со не толку остра болка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не чувствуваше триумф по разговорот, само големо олеснување, оти работите тргнаа онака како што сакаше и планираше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Шишето на масата веќе беше празно, а чашата беше дополу полна со водата од истопениот мраз.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Секретарката гледаше по Марија и нејзиното мало дете, кои си заминуваа, со големо олеснување.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Немајќи обичај да пишува ваков вид писма, таа ми побара тоа да го направам за неа што многу радо прифатив, вие би се сомневале, се разбира, надевајќи се дека...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но бидејќи никогаш не е ништо сигурно во овој мал свет, одвај се осмелувам да ви речам дека јас сепак чувствувам големо олеснување!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Почувствував големо олеснување и тагата сосема исчезна.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Малчо наеднаш почувствува големо олеснување.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)