голем (прид.) - око (имн.)

Толе ги овргали големите очи и му се загледа право во устата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
" — си помисли Толе отпрвин, знаејќи го Бешот како стар коџабашија, но веднаш му побегна таа мисла, гледајќи го и Атанаса со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Светлите и големи очи и црните мустачиња, го правеа уште поубав.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Му пречеше поради нешто сенката што ја фрлаа запалените свешти и се определи одново за светлината на зборовите и забележа на нивната светлина - неговата сенка веќе исчезнуваше...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Зборот има големи очи Долго се загледуваше де во свешникот со запалени свешти де во некој стих од Пловидба во Византија на В.Б.Јејтс.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа е така, помислуваше, зашто без вас почеток нема но без вас нема ни - крај...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Зборот има големи очи, помисли, тој гледа далеку зад себеси...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Поетот со зборови ги објаснува зборовите “со големи очи кои гледаат далеку зад себеси“, моливот што ги испишува (“тој човек во човека“) и неможноста да се допрат, зашто “тие се излез / од темниот заборав на материјата / и душа - на душата“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Јас... - тивко рече девојката со тркалезно румено лице, светликави црни големи очи и долга дебела претенка, зафрлена над левата града.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Без оглед на нивните врескавици, јас почнав да си ги читам белешките, свртувајќи се точно кон неа, кај љубопитно ги рашири и онака големите очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отец Симеон го остави на подот празното шише и се иправи. „Ќе чуеш“, му рече плашејќи го со големите очи полни со мраз.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А над нив блеска големо око, позлатен жолток од џиновско јајце; удира дожд: веќе нема луѓе и нема живот, сонцето се гасне, утре ќе е парче прегорен јаглен во темница без волчи завивања и без љубовни воздишки во која заглибила лагата на верувањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во Глигора се збираше и набираше немир. Ги тркалаше големите очи на сите страни. Очекуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Големото око на таа колона се заситуваше од едноличности и го впиваше погледот на долгиот жилав тил, во грбот пресечен со светкави ремени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А насреде, се палеа и гаснеа како автомобилски фарови, две големи очи. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може од страв да ти се големи очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лицето ми е ситно, велам, ама со големи очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми ја зграпчи раката внесувајќи ми се в лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во големите очи секогаш полни со љубопитност му пламнаа оганчиња на изненадување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)