„Преку големите океани, брате, до крајот на светот, право в Австралија!“ му се изнасмеа тогаш.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа тмурна балканска ноќ, милиони јагули од сите езера, непознати мирни води, го започнуваа големиот и неизвесен пат, во ритмот на минливоста, упатени кон големиот океан на нивната смрт и воскреснување.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Отспротива големиот Океан, светот отворен сега, наспроти сите стеснувања за време на животот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)