голем (прид.) - одмор (имн.)

- Марина, татко ми изгледа ќе се ожени за учителката Вера, - ѝ реков еден ден на Марина на големиот одмор, чувствувајќи дека барем некому морам да му се доверам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Татко ми доведе друга мајка, - рече таа одненадеш, кога излеговме во дворот на училиштето на големиот одмор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Утредента, на големиот одмор, Димче со сила го натера Павле да земе половина од неговиот појадок и, заедно, колку толку се најадоа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога го видоа другарите на големиот одмор, по обичај се стрчаа кон него и почнаа да го викаат да игра со нив со топка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И кажа нејзината најдобра пријателка, и тоа на големиот одмор, кога таа ѝ се довери за нејзината симпатија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А, ако во класот сте делеле клупа, па уште и бурек на голем одмор, и оној марципан што во бифето на „Ванила“ било врв десерт во тоа време.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неколку дена не излегувам ни на мал, ниту пак на голем одмор, туку ја читам Волшебното Самарче од Ванчо Николески. Ете така.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Еден ден после голем одмор си најдов црвена книшка на мојата клупа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ така восхитено зборуваше Елена, додека излегувавме на големиот одмор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Е, малечок, си имал среќна рака: од дваесетте ниту една не се повтори.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Име? Презиме? Ќе ве запишам во дневникот, а албумов ќе ви го земам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Третиот ден - по големиот одмор - имавме час по географија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Прекрасно е да се запознаеш со животот на двете девојчиња - близначки - Лујза и Лота!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Влезете, мили деца. Имал среќа - и тој и ние...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ГОРЧЛИВА ЧОКОЛАДА
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Љупчо внимателно ги собираше сликичките.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
“Наставничке, тие секој ден на големиот одмор јадат по дваесет чоколади животинско царство!“ извика Сашо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тетка ми ми ја подари за роденден. Ја читав повеќе пати, некои места ги знам и наизуст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Жив е - тоа е најважно“ нè успокои кутрата мајка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чудно... Убав збор ме здоболе посилно одошто шлаканица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така три дена на големиот одмор трчав до самопослугата, купував, трчаница се враќав и зад училиштето јадевме секој по четири чоколатца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На големиот одмор се распрашувавме за него, но никој ништо не знаеше да ни рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На големиот одмор Љупчо ми даде 50 динари и ме прати до самопослуга да му купам дваесет чоколади - животинско царство.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И утре ќе те пратам да купиш. Брат има пари.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Наставничке, Љупчо на Соња ѝ даде шеесет сликички!“ извика Мира.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Својето разочарување на големиот одмор го сподели со колешката Магда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ние учевме цел ден, на пладне имавме голем одмор а потоа учевме до вечерта.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)