Селанецот ја сметна капата и поздрави: - Добар ден, браќа!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Граѓанинот го поведе селанецот по скалите, се качија горе и го воведе во една голема одаја.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во големата одаја се собравме сите домашни: дедо, баба, татко, мајка, сестри ми и браќа ми.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во големата одаја нема никого.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа е типично старовремска германска куќа, со тесни и мали прозорци, дрвени скали, ли се извишуваат стрмно, на високо; со чардаци кои, додека одиш, скрцкаат; со големи одаи, приемни, спални и многу други простории.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Двете жени го поминаа чардакот и сами влегоа во големата одаја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На широката минсофа, послана со меки шилтиња и со долги извезени перници потпрени до ѕидот под прозорците од големата одаја што гледаше накај езерото, седеше Аспасија, мајка ѝ на Викторија, и тапо, беспомошно гледаше во стројничката излегната на перниците, како во своја куќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Утрото, дваесет и шестиот ден од месеца цутара, втората година по Големата војна, миропомазаната жена на Пане Липовдолски (одамна упокоен) осудесет и едно годишната Лена, шевелеше низ куќи, се вѕираше час во ноќвите, час во амбарите, во потонот, во малата и големата одаја, во гредите над чардакот, по ќошињата на дворот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
До големата одаја се наоѓаше ателјето или работната просторија, пространа, светла, онакво какво што треба да биде едно сликарско ателје.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Што ткаенини изнакупив, она вермеле со црна основа, кошулата со црвен и срмен вез, ќилимите со шара долапи за големата одаја...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога се испразни големата одаја на уќуматот и кога гавазот ја затвори вратата, Мехмед-паша божем смекнато му се заврте на Ибн Пајко:
„Бак бурда, ибн Пајко ефенди!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веројатно во него имаше и дека сум бил во Автокоманда кај вујче Сотир, братот на мајка кој сам живее во голема одаја на кат во убава зграда, ми рекол дека можам да појдам кај него, ама по тонот сум заклучил дека не сака да се населам кај него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Изгледа оттаму ги протерале калуѓерите или калуѓерките и нѐ сместија во големи одаи со кревети на кат, по дваесет и повеќе деца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Почнаа прво грчките деца да поставуваат скечови, а потоа и ние.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Голема одаја, богато ориенталски наместена. Послана со персиски килими.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А кога ќе се качите во големата одаја долго долго стоите пред високиот ормар на кој уште зрее одамна набрана дуња.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)