голем (прид.) - оган (имн.)

Друг монах, пак, ги изделува дрвјата за големиот оган пред празникот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во пролетен самрак монах ги благослови луѓето кои влегуваат во храмот во кој, освен светлината во нивните очи, ниедна друга не продрела.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И сега, греејќи се покрај овој гопем оган запален сред црква, со опуљ лакомо свртен кон иконите не за да се молиме, ами за да ги изгориме, небаре ја уништуваме целата надеж ние, борците за народна власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие одеа со коњи па во близина на црквичката палеа голем оган и поседнати околу него се расприкажуваа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Други трчаа со гранки во рацете обидувајки се да го изгаснат големиот оган што им ги голташе куќите...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Немаше сомневање, кај колибата на дедо Иван гореше голем оган. Што ли можеше да биде?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејасно, речиси со слики мислел. На оваа земјичка, од обете страни на Вардар, до морето што го пие тој Вардар, од безначајни семиња никнува омраза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекорел исплашен од песната крај големиот оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напати Митра се чуди на големата снага од својата ќерка, како можела таа така ситничка да ухне толку многу силина во неа, ама сега, во оваа лоша зима, ѝ е благодарна што ја грее со својот голем оган.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие седеа околу голем оган и молкум ме гледаа очекувајќи можеби дека сенката на Карамба-Барамба ќе ја извлечам од џеб.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Тогаш појди со мене и земи ја, - му реков.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Во собата за билијард запаливме голем оган. Спиеме таму, ако воопшто спиеме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Само големиот оган не можеше да побегне, па мораше да се предаде на неминовниот процес на гаснењето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
IV Јулски припек; низ денот врвеше голем оган од кои, воздухот трепереше; инсектите што прелетуваа светнуваа како потпалени и згаснуваа; селото беше пусто, замрено.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А и големиот оган ни се врза во главите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Море, ќе ја секнам рекава! Некој голем оган гаснам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)