Во улицата Ренгенска број 92 – а Има приватна болница За приватни болести на приватно болни Со приватни соништа и приватни деривати На храната консумирана приватно Со приватен апетит И приватни посебни потреби И потреби за мокрење и голема нужда На оние кои приватно си го гризат сонот Заробени во приватната мрежа на сонувалката Во која ферментираат идеите До згуснување До тези За поцинкувањето на ластарот За течењето на каменот За месечевата клетва во водата За гранката што грачи За се што нешто значи Меѓу зреењето на лебот И Потребата Од длабоко Дишење.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Имаше проблеми со одење по голема нужда, немаше желудник и храната не се задржуваше во тебе, па многу често одеше во тоалетот.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Но на оваа група селани, коишто некако подобро изгледаа од оние од полето, не им се враќаа назад добиците, оти имаа голема нужда од пари.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На тетка ми претходно ѝ соопштив дека би сакал да се истуширам, па пресметав дека така ќе добијам уште повеќе време за да се олеснам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Значи, проблемот не беше во него, туку во тоа што се чувствував непријатно да го користам тоалетот и да одам по голема нужда кога пријателот ми беше во соба - а по првиот ден, кога успеав да одам во тоалет на мир, додека тој се задржа во бифето со една убава учесничка на конференцијата - се погодуваше секогаш да сме во собата во исто време.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)