голем (прид.) - носталгија (имн.)

Дали Фетхи-беј Окијар сакаше да ја реализира својата голема носталгија кон своите предци токму низ Татковото жртвување, со неговото враќање на Балканот, иако Татко, во исто време, со тоа, го жртвуваше сонот на својата мајка за враќање кон своите во Цариград?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Губењето на митската верба во моќта на родното место, семејството, мајката, таткото, браќата, сестрите, блиските и предавањето на фугата на егзилот, предизвикуваат поетот најсилно упориште да најде во татковината на јазикот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку зад себе ја имаше големата носталгија на сите големи култури - носталгијата по автентичното, природното, супстанцијалните црти на културата.* Национал-социјализмот останува најголемо искушение за “развиените” култури.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога Махмуд Дарвиш ќе пее од затворот со голема носталгија за топлото лепче и кафето од рацете на својата мајка, тој го изразува големиот трагизам на својот егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Баба, кутрата, не појде по парите, туку по луѓето, по своите, да си ја смири големата носталгија пред крајот на животот, за да не ја следи и по него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)