голем (прид.) - нива (имн.)

– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ами лели Велко ти рече два - три пата: "Дедо, дедо, нашио штрк ете го зад тебе!# и ти на треќио пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едночудно време боледуав, одвај дури оздравев.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја нема големата нива, но за тоа на тоа исто место има големи станбени згради кои го надополнуваат ликот на новиот, за разлика од некогашниот, сега непрепознатлив, Драч или Дуреси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Е, лели и ова не ми го веруаш, бре татко, ами коа беше ти на орање во големата нива, лели ти 'и тераше Велко волојте и јас си зобав црви во браздите изорани?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така, преку трудот и излеаната детска пот во големата нива требаше да станеме поцврсти и похрабри во издржувањето на горештината и жедта и да ја челичиме нашата подготвеност за големите идни дела.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не го најдовме „нашиот“ стадион. Не ја најдовме и големата нива каде по една голема дождовна бура ги собиравме налегнатите и неожнеани класови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)