- Мамо, мамичке, колку многу те сакам, само да знаеш, - ми излетува одненадеж голема нежност и се втурнувам во неа, да ја гушкам и да ја бакнувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
До доцна во ноќта Камилски пребаруваше во веќе отворените речници османски заемки од областа на архитектурата и урбанизмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски повторно ја бакна својата сопруга, која не беше навикната на толку голема нежност од својот сопруг, оддалечувајќи се да ја постави вечерата, додека Климент не знаејќи што да прави во кујната влезе во својата библиотека, ја остави чантата, имаше време само да отвори некои од речниците и да се врати во трпезаријата каде што веќе беше поставена вечерата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Раката постепено се префрлаше погоре и погоре за да дојде до маскирните боксерки и дигнатиот алат на ќелавиот, кој Симона почна да го гали со голема нежност.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)