голем (прид.) - недоразбирање (имн.)

Се присеќавав на величината на Шарл Де Гол, на тој несомнен либертадор на Франција и Европа, соочен со предизвикот на владеењето на Франција, со земјата со која беше тешко да се владее, зашто нејзините жители имаа, како што велеше тој вкус за четиристотини видови сирења и уште повеќе вина, по големото недоразбирање со Французите и референдумот што сам си го препиша, во духот на демократијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Син му е во гардата, тешко е ранет, ова е едно големо недоразбирање, ќе искрвари ако наскоро не добие лекарска помош, и главниот адут секако – тој е одликуван гардист.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)