голем (прид.) - напор (имн.)

Прокопува со голем напор патишта непроодни, но, не застанува, ни пред води разбранувани, ни пред корења длабоки.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Во почетокот му беше потребен голем напор да не гледа во него, но гладот сега и беше отстапил место на жедта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вложи голем напор да се исправи во седечка позиција и успеа само болно да го искриви телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со голем напор кревката Ивона го довлечка до широкиот тросед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И на двете слики бил Хичкок, којшто токму тогаш со голем напор ослабел од 150 кг на бедни 100 кг.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Станував сѐ поприврзана кон неа, иако правев големи напори тоа да го скријам и од неа и од самата себе си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Денко појде. Се изјази можеби едно два-три метри по карпата, со голем напор, и гребнатини по рацете, а тогаш се слизна и се струполи удолу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Владислав Ходасеевич го објаснил тоа со конгенијалноста на авторот кон очекувањата на публиката; Набоков како да извршил некоја “социјална порачка”: “Ако само нему (на гледачот - Иван Толстој) му предложите драма, која не бара толку голем напор и во исто време е уметнички квалитетна, кај гледачот ќе постигнете несомнен успех”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога војната заврши, и оградата беше готова; на неа направи голема двокрилна врата со резе и катинар, издишна олеснето и зафати, по тој голем напор, со денови да лежи под сенките и да се одмора.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Наставничке, - тивко и со голем напор изговорив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А тој цело време, ах, како работеше! (Вам може да ви се каже, зашто вие ќе разберете.) Еве: Прво: со голем напор чистеше цреши во својата уста.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но за да се достигне целосно таа состојба, сигурно е потребно многу учење и вложување голем напор од оној што ќе реши да се просветлува – загледан во старецот како да слуша, првпат во животот, необична животна лекција, се поднакашла, во знак на откажување од намерата да учи понатаму, и продолжи: - Чувствувам недостиг на ентузијазам.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потребни се големи напори за да се воспостави контрола, многу знаења и средства за менување на застарени и нечисти технологии, за филтри и тест - апарати.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)