Оттаму гушнати итавме да се отвориме еден во друг како што се отвора секој сон и како што сите ткајачки ги раздиплуваат своите черги врз кои потскокнуваат големите надежи сеедно што не се гледа баш јасно кој го крка месото, а кој ги глода коските.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Само восхит за нејзиното чекање и истрајување, за моќта на нејзиното истрајување и големата надеж и тоа пред неа ме прави малечок и немоќен!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Оние, кои на одење имаа толку голема надеж, ја оставија сама.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Летка, како и секоја жена којашто претпочита да гледа во подалекуте, меѓувремено остана да биде преокупирна со Едо Бранов од Сан Диего до чија трага авторот уште немаше допрено, но и немаше некоја голема надеж.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но откако дојдовте вие, деца – живна малку тој и во очите му светна нешто топло – голема надеж ни ја огреа душата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И покрај сите овие забелешки, уметничкиот свет во Токио вложува голема надеж во МОТ и зборува за можностите тој да прерасне во јапонски „МоМА” или „Pompidou Cen- ter”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Колку и да звучи чудно, отсекогаш имав некоја прокоба дека мојон дар, во кој полагав голема надеж, ќе биде залуден.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Членовите на семејството на Праведникот тоа го сфатија како знак на голема надеж ветена од небото, верувајќи во добар исход дури и кога по неколку месеци, ги натоварија во воз за концентрационите логори.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Европа беше потресена од палењето на сараевската библиотека.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но, за среќа, преовлада логиката на постоењето на Европската унија, големата надеж за смирување на страстите на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како и секоја душа и нејзината беше непредвидлива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Вие сте големата надеж на моето пишување, надежта во еден поубав, обединет свет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не вложуваше голема надеж и во овој обид, не само за да не биде исто толку разочаран од негативниот исход туку и затоа што веќе беше отрпнат од неуспеси со кои продолжуваше како што и почна неговиот живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Грофот гледаше низ мене во бескрајот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Погледнав со голема надеж кон иследникот, но искрата во неговото око веќе беше згасната.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
При сѐ тоа Силјан си патуал со голема надеж да најди некоја трага и докај пладне изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридои, прилично како прилепцкото.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Сполај ти, Господи, сполај ти - си рекол сам со себе Силјан - дали на Крушово се наоѓам овде и го гледам нашето поле?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се колнам, една огромна вода, бескрајно голема надеж.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Големиот океански бран ме крена угоре како што се креваат големите мераци па ме тресна на дното каде што неизоставно завршуваат големите надежи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тоа беше голема надеж, но не се решаваа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Желките најверојатно со голема надеж ја чекаат пролетта за да се вратат во нашата рајска градина, продолжуваше мајка ми да ја кити својата ведра тема.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)