Тоа не беше лесно. Беше потребна голема моќ на расудување и на импровизација.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се гледаше дека човекот има голема моќ после тоа чувство на хипноза.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Тој имаше голема моќ да ја открие длабоката смисла за постоењето на религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ова е мал остаток од големата моќ во славните денови.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
И тука доаѓаше до непосредна манифестација на големата моќ на нашите продавачи/продавачки.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Од сувата земја про’ртеа синолички, со бисерни круни на цветовите.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И тогаш синиот пајак со златна глава ми докажа дека е навистина волшебник со голема моќ.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ви пишував, ви ја допишував, почитувана моја Елен Лејбовиц, книгата Атеистички музеј, зашто во вас открив не само голем и незаменлив читател, туку и нешто многу блиско во вашата голема моќ да ме разберете, да ми се придружите во меандрите на страдањето во едно минато што оставило траги во душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Откривав во нивното премолчување на пресилните изрази на ритуалното милосрдие, голема моќ за помирување на разликите од различните конфесии на Албанците (како муслимани, православни и католици), моќ на толерантност и разбирање на другиот, на еден вид сенс за лаицизација, што на Балканот речиси остануваше непозната идеја!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога и самиот, понесен од необјасниви реминисценции на младешкиот идеализам во себе, во пролетта 1979 година со најдов во сталинистичка Албанија, на прославата на 100-годишнината од раѓањето на Сталин, само за неколку дена ја вкусив горчината на сталинизмот кој земјата ја беше претворил во сталинистичка оаза, опколена од илјадници бетонски бункери, со Атеистички музеј среде, како да имав докази на некогашната таткова теза за големата моќ на преживувањето на јаничаризмот!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пораките на освојувачите на каменот можеа да се сметаат и како нивни епитафи на некогашната голема моќ.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Страв и восхит
Претпоставка:
Македонскиот крал
премногу го сакал светот
и премногу можел
и премногу претчувствувал
немал време, хронично немал
но сепак доволно
за да ги поремети
дозите предвидени за рамнотежа
на Просторот, и самиот
без смисла за умереност
- хармонијата е нешто друго, сосема
само предозирана волја, отровен концентрат
само неповторлив порив, рев по далечното
- туѓината како вечно искушение!
само силна страст по странствување
per se, дури и во јазикот
само вродена дарба
да и’ се тутне на смртта
грациозно, пагански
под здолништето
додека Оваа си игра
божем случајно
криенка-миженка
митска мижитатара
само сензибилитет за походи
општа хиперсензибилност
- просто да се спростре
врз далечниот Исток
ко полна месечина на полноќ
- просто да го освои светот
како туѓа жена
со чувство на нелагодност
а забраната стимулира
срна истрчува на пусија
во заседа, балканско дувло
империјална глутница
избришани, заташкани траги
имагинарно писмо
толку голема моќ
што се втиснала во потсвеста
за век-и-веков
жиг на восхит и страв
од повторување
од повторување
на судбината...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)