РУСЕ и Ѓурѓево ги дели Дунав а се сврзани со голем мост, долг пет километри, со неколку патеки за пешаци и возила и со железничка линија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ПОД големиот мост во Келн, на оној мост што служи и за железницата и за пешаците, под чии сводови минува автомагистралата за Бон, речиси на дофат на монументалната Келнска катедрала и на главната железничка станица, а покрај павирните кејови на Рајна, од каде што, како ехо, допираат звуците на бродските сирени, кои овде како густи јата ја сечат реката во обата правца, во близината на трговскиот центар, се наоѓа „црвениот“ Келн, кој своите светлини ги пали во првите вечерни часови, а ги гасне во првите мугри...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се издолжи реката луѓе од црквата Св.Никола до Големиот мост, кон железничката станица, а потоа по прашливиот пат кон Сушево, кон Крстот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Над нив се нишаше и големиот мост кој ги врзуваше бреговите на Европа и Азија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сега луѓето се собираа од двете страни на селото и тргаа кон центарот, кај големиот мост, каде што се и двете продавничиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ќе пораснат тие ќе знаат да изградат и голем мост преку реката па двата брега да станат еден.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Најпосле свртуваат вдесно, излегуваат на големиот мост направен само од железа и веќе заборава на Мурџо поради големата мазна снага на големата река што се лизга под самиот мост.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А сме се прашале ли зошто ни секнуваат реките под големите мостови?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Зар требаше да им се вели дека чунот беше голем мост на добрината кој во тешки времиња ги поврзуваше бреговите, луѓето?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога ќе пораснат тие ќе знаат да изградат и голем мост преку реката па двата брега да станат еден.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)