голем (прид.) - момче (имн.)

Баба ми малку се двоумеше, ама сепак се согласи. - Добро, - рече таа. - Ти си големо момче. Десеттата веќе ја тераш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
АРСО: (Криејќи ја пред Теодос својата голема радост од постигнатиот успех, здржано.) Нека е живо кумашинчето, да порасте големо момче, па ти, Поцко, да го жениш, а кум Теодос да го венча! (Му намигнува на Поцко.) ЦОНКА: Амин, амин, чул те господ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЦОНКА: Па, сега кумот ќе го дарува кумашинчето. (На Теодос мазно.) Треба алтанче на крштеничето, адет е, проводија за крштеничето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Да ти се позлати устата! (Ликува од радост.) Еј, бре, бреј!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Шеташе со една од другарките Невена покрај куќата на Кире Тодоров, кој беше веќе големо момче...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)