голем (прид.) - момент (имн.)

Нашето старо место е празно без нас, не сме еден покрај друг, зар судбината не победи, големиот момент на љубовта за нас нема да дојде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но знам дека копнежот и надежта ќе ме донесат до тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Време беше да ѝ пишам на Агна. Впрочем, јас одамна се подготвував, очекувајќи го големиот момент на завршувањето на водоводот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бастилја на револуциите и умирањата, по големите моменти на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде постои и Триумфалната капија за победниците и поразените.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа голем момент на поминување на задоволството од човек на човек.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Момент кога сите лица на некој незабележлив знак се насмевнуваат, а некои од присутните ги кренаа и рацете, како да го поздравуваат идниот руски цар.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Белки нема да одречете дека тоа беше судбинскиот миг, во кој и злото, и тагата, и стравот, и неизвесноста, сè стоеше пред нас, исправено, грдо; и ете, тоа беше тој голем момент што ни овозможи да го здогледаме вистинското лице на нашата проклета судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)