голем (прид.) - многуобразен (имн.)

Имаше голема многуобразност на светогледи и начини на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А така процесот на аутирање го усогласуваше со постепеното раскрстување со традиционалните хетеросексуални, конзервативни, главнотековни претстави за правилниот начин на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто во истиот тој период, рекапитализацијата на американските градови, заедно со нејзината нужна поткрепа преку урбанистичко планирање и реновирање, веќе почнуваше да го менува урбаниот крајолик на САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нужна беше психичка деколонизација: геј-мажите требаше да ги распознаат и да ги отфрлат туѓите, несоодветни претстави што околната култура на хетеросексуалноста им ги всадила во умовите. ‌Многумина геј-мажи ја отфрлаа радикалната идеологија на машкиот геј-живот, да нема збор, а многумина формираа свои подгрупи во рамките на геј-заедниците според своите сексуални вкусови, родови стилови, идентификации со конкретна општествена класа, политички симпатии, морал, вредности, интереси и навики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)