голем (прид.) - митинг (имн.)

На големиот митинг на козарите со козите, на големиот плоштад, кои го посматравме и ние децата од блиското Кале, на козарите им беше даден рок до утреш­ниот ден во 12 часот, да стапат во социјализмот, ама без козите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На присутните им се обратил претставникот на Претседателот на САД и претседателот на Комисијата за мобилизација, Пол Мекнит, кој меѓу другото истакнал: "Чувствувам дека со манифестираното единство во текот на ова попладне, вие учествувате во настан проткаен со визионерство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Завршниот дел од Конгресот бил големиот митинг одржан во халата на Државната селскостопанска изложба, во присуство на 15.000 луѓе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На плоштадот стигнуваа првите окупаторски маршеви, ослободителите ја објавуваа победата, се одржуваа големите дефилеа на трудбениците, големите митинзи... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Југословенскиот простор кој Тито успеа да го обедини и одржи во авторитетна државна заедница во текот на половина век, што никогаш не му успеало на друг владетел на овие простори, започнуваше да напукнува...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека се присетував на историјата на бродот Галеб и на неговиот пристан во Тунис, со кој Тито во јули 1953 година патуваше во прва посета на Велика Британија, се вратив во далечната 1952 година, во времето на раното детство кога се најдов на големиот митинг во Скопје на големиот плоштад, на кој говореше маршалот од средишниот свечен балкон на Офицерскиот дом (се сруши во земјотресот од 1963 година).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)