Но, за волја на вистината, мора да се рече дека изненадувањата кои ги приредува животот се вон метафизичките сфери, тие се и во жестоката реалност на антагонизираниот свет, во судирот на протагонистите на непомирливите разлики.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дојде времето, за жал тоа мораше да дојде и за Арафат, кога човекот кој во својата душа и врз своите плеќи ја чувствуваше сета тежина на големиот мит, на легендата, колку и да беше силен духот во својата алхемија, хемијата на телото имаше свои крајни граници, особено кога беше нагризено, тоа мораше еднаш да попушти, да се урне...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)