голем (прид.) - мисла (имн.)

Сега, како да се најде повторно во истиот транс од младоста, кога беше во разбранетиот Цариград, обземен од големата мисла дали, по завршувањето на отоманското право, да остане на Исток, да го земе семејството, па да се слее во новите млади Ататуркови ешалони, како и бројни негови сонародници и блиски, или да се врати на Балканот, да остане со своите, да ја продолжи татковата меланхолија, со надежите дека ќе замине, но верен на инстинктот на останувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ах, ако поради ова ѕвонење ја изгубам големата мисла што ја мислев! Затоа ме лути ова ѕвонење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)