голем (прид.) - метла (имн.)

На голема метла жолта лилјак мудар сегде лета, орли голта...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Плоштадот му изгледаше сосема чист како голема метла да ја измила нечистотијата што го зафаќаше сето пространство од кејот па сѐ до улицата над тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден ден во музејот на Виктор Иго купив една разгледница на фотографија-цртеж на Козета како мете со голема метла в раце.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)